Нашата желба е сите заинтересирани лица да ги советуваме и поддржиме во остварување на подобра форма и општата здравствена состојба. Нашиот обучен и стручен кадар, заедно со вас, ќе создаде вежби и програми со кои се стимулира, мотивира, за да се дојде до саканите резултати. Ако ви се допаѓа да вежбате во група ние ќе ви помогнеме со изборот на најдобриот начин за вас. Сакате да го подобрите вашето здравје, да запознаете нови луѓе, дојдете и придружете ни се во групните тренинзи заедно со професионален тренер и подобрете го вашиот начин на живот.
Нашите фитнес програми се дизајнирани со собремените методи на работа, следење на најновите информации од светот на фитнесот и рекреацијата. Прилагодени за почетници, аматери и спортисти, без разлика на полот. Посетете ја нашата ексклузивно опремена финтес сала со целосно нова и професионална опрема за сила и кардио.

Бидете дел од новиот свет на фитнесот, бидете дел од еден од најдобрите фитнес центри во Македонија, ние сме тука за вас!

Посетете го фитнес центарот

Централ Спа

Хотел Централ отсега Ви нуди место каде ќе мозете да го ослободите умот, да го релаксирате телото и да си пружите едно целосно уживање. Опуштете ги Вашите сетила со релаксираните услуги кои Ви ги нуди Централ Спа кој се наоѓа во склоп на Хотел Централ.  Дозволете си потполна ревитализација на духот со посетата на нашата сауна, парна бања или хидро-тераписки масажи.

Повелете, посетете го Централ Спа и пружете си едно уникатно искуство!

*Kористење на Спа Центарот е бесплатно за гостите на хотелот, а за сите останати гости цената изнесува 500 денари за еднократно користење.

Работно време: 12:00-22:00 (Понеделник-Сабота)